Домашен притвор за лидерите на Левица, на информативен разговор повикан Стојанче Ангелов

Сподели со своите пријатели

Здравко Савески и Владимир Куновски се двајцата членови на партијата Левица кои со лисици на рацете завршија во осумдневен куќен притвор, а одземени се и нивните патни исправи откако добија кривична пријава за учество во толпа што ќе стори кривично дело.

Двајцата членови на Левица утринава биле повикани на информативен разговор во полиција, а откако се појавиле таму истите биле лишени од слобода. Истите Министерството за внатрешни работи ги поврзува со насилното уништување на канцеларијата на претседателот на 13-ти овој месец.

едно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, додека Владимир кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната Канцеларија на Претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот и на излегување од внатре изнесувал две дрвени фиоки и еден пакет сокови кој надвор го разделил на присутните, соопштија од МВР, а пишува Телма.

Уште двајца други членови на Левица биле повикани на информативен разговор, а повик пристигнал и до лидерот на достоинство Стојанче Ангелов кој редовно дава поддршка на протестите против аболицијата.

Ме повикаа на некаков разговор каде требало да бидам предупреден за некоја жалба. Не бев сигурен во искрените намери на МВР во однос на моето повикување и не отидов. Доколку сакаат да ме затворат и мене ќе треба малку да се помачат, сигурно нема да им отидам така сам. Мене може да ме убијат, но не може да ме уапсат, нема да дозволам некое животно да се изживува со мене, како што беше случајот со Љубе Бошковски. Затоа предупредувам доколку некој сака во полиција да ме има нека ме повика. Денеска не отидов бидејќи полицаецот ми рече не е проблем да заминам друг ден, посочи Ангелов, а пренесува НоваТВ.

Барање за ослободување на двајцата челнови на Левица пристигнаа од повеќе граѓански и политички субјекти во државата, но власта по секоја цена ќе ги замолчува оние кои се спремни да го кренат својот глас.

фото: Телма ТВ


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.