Албанците од Куманово порачаа: „Ако Бобан е луд и ние ќе полудиме“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Албанците од Куманово денеска во 15 часот излегоа на протестен марш по улиците во Куманово за да побараат правда за смртта на малиот Алмир, кој беше прегазен минатата сабота.

 

 

Loading...

Протестот започна пред зградата на гимназијата „Сами Фрашери“ од каде 4-5 илјади Албанци со пароли и фотографии од Алмир маршираа по улиците во централното градско подрачје и пристигнаа пред зградата на Основен суд Куманово.

На крајот на протестот кој го организираше граѓанското здружение „Глас“, нивната порака беше дека „Ако Бобан е луд и ние ќе полудиме“.

Секој кој ќе врши еден ваков акт, нехуман акт, треба да се казни со Уставот и кривичниот законик на Република Македонија. Иднината на секое општество се децата и кога се одзема еден живот на едно дете се губи интегритетот на целото општество. Правдата е еден начин да не се овозможи одмазда, противсудска одмазда како и еден вид морална сатисфакција за жртвите зошто животот на едно дете изгубата на живото на едно дете е еден акт кој не може да се компензира, но казната максималната казна за сторителот малку ќе ја намакли болката на семејството. Апелираме на сите политички субјекти да контрибуираат како што треба на оваа сфера , да еден пат ги остав ат нивните лични интереси на страна и да се грижат за еден општествен интерес како што е животот на едно дете. Ако бобан  е луд ние сите ќе полудиме, ако докаже вештачењето дека ако го прогласат за луд – изјави претседателот на невладината организација „Зани“.

 

Авди Авдиу вели дека правдата треба да биде построга кога станува збор за злосторство извршено кон припадници на различни етникуми и како и останатите бара максимална казна затвор за сторителот.

Лично барам и апелирам судството да донесе построги закони конкретно во сите недоразбирања помеѓу разните етникуми да имаме построги казни. Јас да сторам некое дело да сум казнет двојно построго отколку да сум направил едно дело кон еден ист Албанец – рече Авдиу.

 

Протестот мина без инциденти под зголемено полициско присуство и траеше околу еден час.

Инаку, МВР соопшти дека против пет лица се поднесени кривични пријави, и тоа против возачот Б.И. за убиство и за насилство, а против таткото С.А.(36), С.Д.(36) и А.А.(32) за сторено кривично дело насилство. Судот на возачот му одреди притвор од 30 дена.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.