55-годишниот Момчило остана на улица откако пожарот проголта се што имаше (галерија)

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишниот Момчило Стефановски кој живееше на објектот на Желензичката станица над селото речица веќе 16 години, од вчера нема кров над глава, откако објектот изгоре во голем пожар.

 

Loading...

 

Вели дека секоја година се борат со локалното население да не се палат стрништата за да не дојде до поголеми пожари, но за два часа изгуби се што имаше.

Се што се мачев 16 години за два часа отиде. Некаде околу 2 часот јас дојдов со пожарна тука веќе беше зафатено луѓето само можеше да локализираат да не се прошири на други места луѓето максимално се ангажираа до 4 ипол утринава тука беше и екипа од македнски железници која обезбедуваше да не дојде до некоја поголема трагедија бидејќи се работи со вода а овде е висок напон така што само можеме да се потрудиме да не се прошири на други места. Апелирам до сите кои палат стрништа немојте луѓе луѓето кои се мачат губат, а тоа се случува секоја година не само овде секаде. Се изгубив сега сум на улица, без ништо во ова како што ме гледате – вели Стефановски.

 

Стефановски живее со син и ќерка. неговиот син е со посебни потреби, самохран родител, кој работи со починати лица доколку некој го повика, но вели тоа не е сигурна егзистенција. Сега кога остана без кров над глава со дете со псоебни потреби, апелира за помош од своите сограѓани.

Живеам со син и со ќерка син ми е со посебни потреби сега како и што, можам да се заблагодарам на Црвен крст бидејќи веднаш реагираа она првото ударно што е го донесоа бидејќи јас сум член на Црвен крст знам како изгледа еве сега се случи јас да морам да го земам тоа. Не сум вработен, самохран родител, работам со починати лица доколку ме викне некој тоа е но не е тоа тоа без сигурна егзистенција за живот, сега и без кров на глава со дете со посебни потреби апелирам до сите кој може да помогне однапред му благодарам. Во овој момент најпотребен е крв над глава, па за друго ќе видиме, што ќе е како е да имаме еден кров, каде ќе би можеле да се сместиме сега уште е убаво времето, меѓутоа доаѓа зима – вели Стефановски.

 

Мобилниот тим на Црвениот крст веднаш притрчал во помош во вчерашната огнена стихија.

Нашата цел е да помогнеме секаде како што гледате моментално им донесовме пакети храна имаме конзервирана храна, вода, хигиенски прибори, церада колку што можеме помагаме. Ќе ги известиме и другите екипи од мобилен тим Липково ќе доаѓаат секој ден ќе пружаат помош колку треба се што треба – вели Бојан Петровски, лекар  Мобилен тим Црвен крст Липково.

Loading...

Инаку пожарот вчера го проголта објектот на Железничката станица, кој му бил отстапен за живот на овој човек. Пожарникарите со часови се бореле, но не успеале да спасат ништо, затоа што пожарот постојано се распламнувал.