ЗПЗП „Козјак 2013“ одбележува 10-годишен јубилеј

Сподели со своите пријатели

Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013“ во недела ќе го прослави својот 10-ти роденден планинарски тури и забава.

Loading...

Како што информираат од здружението, поради учество на поголем број љубители на планината и природата од различни профили, предвидени се две планинарски патеки.

Првата патека е за поискусни планинари, искачување на врвот Китка (1.211 м.н.в.) долга 16 километри.

Втората патека е рекреативна со искачување на врвот Голми уши и прошетка низ селото Враготурце – акција околу 10km со 500m висинска разлика.

Крајна точка е Меморијалниот центар АСНОМ каде е предвидена забава и дружење со обезбеден ручек (планинарско гравче и салата) и музичка програма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Тргнувањето е во недела од Меморијалниот центар АСНОМ во селото пелинце во 7:00 часот.

Никола Ивановски