Зошто во Исланд нема мравки? Еве што велат научниците!

Сподели со своите пријатели

Истражувачот Хавиер Еспадалер Хелаберт веќе 35 години проучува мравки во целиот свет.

„Дојдов до заклучок дека истражувањето беше вредно за трудот“, тврди научникот.

Loading...

НЕОЧЕКУВАНО: Погледнете што прават мравките кога ќе ви заѕвони телефонот на земја (ВИДЕО)

Според него, одговорот на ова прашање може да се сумира со еден збор: студено, односно исландска клима.

– Мравките обично се зобираат во земја. И земјата во Исланд е многу студена; толку што не дозволува инсектите да ги положат своите јајца, ларвите или да го исполнат својот биолошки круг – убеден е Еспадалер.

15 факти за животните кои не ги знаат ниту сите зоолози

– Во случајот на мравките, тој циклус од поставување јајца до нов живот варира помеѓу еден месец и една година. Во Северна Европа живеат мравки кои имаат побавен биолошки циклус близу една година. Затоа, немаат доволно време да се исполни сè во вакви временски услови.

– Мравките се ладнокрвни животни. Поради оваа причина, нивниот биолошки циклус е побавен. Дури и ако започнат да прават рој, тие никогаш не би можеле да напредуваат. Истото се случува и на други места каде климата е екстремна, како што е Сибир. Повеќето инсекти немаат поволни услови во овие земји – вели Еспадалер.

Факти кои звучат нереално, а всушност се вистина

Игвар Ор Ингварсон, кој работи во секторот за туризам во Исланд, го разјаснува ова.

Loading...

– Точно е дека има мравки во оваа земја, но тие се многу ретки и многу ретко се гледаат. Од 1994 година, понекогаш имавме видови Lasius Niger (мравка од семејството Formicinae) во Рејкјавик, и на југот и западниот дел на Исланд. Сепак, овие мравки не живеат само во дивината и зависат од домаќинствата во кои живеат.

И покрај ова, Хавиер Еспадалер вели дека има папагали на Исланд, како и други егзотични видови. Историјата на ниски температура, што не дозволува мравките да го затворат својот биолошки круг, не важи за внатрешнсота на домовите на луѓето.

9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

– Во домовите или стаклениците мда одгледуваме било кое растение или животно затоа што температурите се сосема различни од оние во природата. Со други зборови, мравките може да ги има во екстремно мали количини, главно во запуштени домаќинства, но не по природа на Исланд – вели истражувачот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *