Секогаш кога пиете вода од чешма, би било добро прво да пуштите малку да тече, според германскиот советодавен центар за потрошувачи.
Loading...
Причината за ова се бактерии кои можат да се акумулираат во цевките и при самото отворање на славината, особено ако некое време не сте биле дома и не сте користеле вода.
Најдобро би било, доколку ја имате таа можност, некој од вашите пријатели или роднини да ја посети вашата куќа додека сте отсутни и повремено да ја пушта славината за да се размножат што е можно помалку бактерии.
Не мора да ја фрлате таа вода и само да дозволите да истече, но можете да ја истурите во кантиче и да ја користите за други работи како наводнување цвеќиња.