Зошто по неполн месец е сменета директорката на кумановската болница?

Сподели со своите пријатели

Неполн месец откако беше назначена на функцијата директор на Општа болница Куманово, Биљана Ивановска е разрешена.

Loading...

Но, зошто е сменета од функцијата ескпресно, иако уредно била избрана на конкурсот кој го распишало Министерството за здравство, засега нема одговор.

Кумановски Муабети вчера испрати прашања на адресата на ресорното министерство, но до објавување на овој текст не доби никаков одговор.

Официјално јавноста не знае ни кој е нов директор. Според дел од вработените, нов директор е Фати Исмаили кој беше единствен уролог во кумановската болница.

Дали смената на Ивановска е резултат на партиска распределба на директорски места засега не е познато, но е многу веројатна причина. Ова директорска функција до скоро беше на СДСМ, но очигледно преминала во рацете на Алијанса за Албанците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

Така со оваа смена Албанци се директори на сите големи државни здравствени установи во градот. Кадри на ДУИ веќе раководат со Центарот за јавно здравје и Здравствен дом Куманово.

Актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити денеска ќе го посети Здравствен дом Куманово, а локалните медиуми, иако непоканети на настанот, ќе дојдат да побараат одговори за погоре наведените прашања.

Никола Ивановски

Loading...