Зошто пластичното шише не треба да го користите повеќе пати? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пластичните шишиња се неизбежен додаток во потоплите месеци. Тие се најлесниот начин за транспорт на вода и други освежителни напитоци во текот на топлите денови. Експертите предупредуваат дека настанува проблем кога едно шише се користи повеќе пати.

Loading...

 

 

Во текот на потоплите месеци бактериите молскавично се шират во нашата околина, па посебно внимание треба да се насочи кон приборот кој го користиме за јадење или пиење.

„Најопасниот“ дел од пластичното шише е отворот на кој ги прислонуваме устата, затоа што бактериите се пренесуваат од усната шуплина на нерамните делови од пластиката и таму се размножуваат.

По повеќекратното користење на пластичните шишиња настануваат ситни набори и оштетувања кои дополнително ги привлекуваат бактериите.

За да го спречите ширењето на бактериите, пластичното шише треба да го измиете со млака вода и детергент. Во желбата детално да ги измиете бактериите многумина посегнуваат по топлата вода (или шишето го ставаат во машина за садови) што има спротивен ефект од посакуваниот.

Loading...

Пластичното шише не е конструирано за иложување на високи температури затоа што така испушта хемикалии кои се опасни по животот.

Пластичните шишиња вода и сокови кои се продаваат во продавниците би требало да се користат само еднаш.

На пазарот постојаат специјализирани шишиња за повеќекратна употреба кои се произведуваат на поинаков начин, но ниту тие не се 100% сигурни.