Зоран од Вевчани не дочека ново срце

Сподели со своите пријатели

Чекајќи трансплантација на срце од донатор, вчера почина младото момче од Вевчани, јавуваат охридските медиуми. Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани почина вчера, додека чекаше да му биде пресадено ново срце.

Loading...

Неофицијално, Зоран починал вчера околу пладне при подготовки за операција.

Ѓорѓиевски боледуваше од дилатирана кардиомиопатија. Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) неодамна соопшти дека го одобрил барањето за лекување во странство за Зоран.

Очекуваната трансплантација чинеше од 300 до 500 000 илјади евра и за таа цел беа отворени и телефонски линии, но, во трката со собирање помош, Зоран починал од компликации пред закажаната операција.

Leave a Reply