Ракометарките на Куманово ја забележаа третата победа во домашниот шампионат, откако вчера на гостински терен го совладаа составот на ЖРК Чаир со резултат 25:34.
Почетокот на мечот беше во полза на Куманово, но дојде до израмнување од 11:11, момент кога кумановки ја вклучија својата борбеност на повисоко ниво и со серија од 5:0 направија поголемо водство над Чаир.
Чаир успеа повторно да намали на 16:17, за да на крајот на првиот дел од средбата се замине на пауза со резултат 16:19.
Во второто полувреме Чаир израмни, по што следуваше пад во играта, а ЖРК Куманово тоа го искористи за нова серија од 7:0 за да на крај впише победа со конечни 25:34.
Јована Кипријановска беше најефикасна во тимот на Куманово со девет погодоци, Јанкуловска постигна пет гола, а по четирипати Пецанова и Џамкиќ.
Во тимот на Чаир, Анастасија и Марија Николовски со по пет гола беа најефикасни.
ЖРК Куманово утре на домашен терен со почеток во 18 часот го пречекува составот на ЖРК Овче Поле.
Никола Ивановски