Ракометарките на Куманово денеска ќе го одиграат финалниот натпревар во ракометниот Куп на Македонија, а за противник го имаат составот на Вардар.
Loading...
Кумановки обезбедија билет за финале, откако го совладаа Металург со 27:23.
Последниот Куп на Македонија се играше во 2019 година во Куманово кога кумановки го кренаа трофејот, а тоа се очекува да го сторат и денеска.
Битката за трофејот во женскиот ракометен куп започнува денеска во 14:30 часот во Автокоманда.
Никола Ивановски