Жителите од Љубодраг бараат објаснување за планот за уништување на здрави свињи

Сподели со своите пријатели

Жителите на село Љубодраг, вчеравечер одржаа средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и на ветеринарната станица на која се информираа за планови, програми и мерки за сузбивање на африканска свинска чума.

Loading...

Жителите бараа објаснување зошто има планови за уништување на здравите свињи кои досега не пројавиле симптоми.

– Зедоа крв од сите свињи, излегоа негативни резултатите. Имаше угинати свињи кај депонијата Никуштак, десет километри од кај нас и кај еден човек тука во Љубодраг уништија свињи во една фарма. Еве месец дена во овие населени места Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, нема угинати свињи, нема извор на болест, не е пронајден уште. Еве ние се прашуваме болеста се шири од диви свињи, никогаш нашите домашни немале контакт со диви. Се прашуваме како ќе продолжиме да одгелдуваме свињи, ако е пренослива од диви свињи како ќе се штитиме, изјави претседателот на месна заедница, Бобан Лазиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово утре гласаат затворениците, болни и немоќни лица

Жителите велат дека нема да отстапат и дека ќе продолжат со протести од 10 до 12 часот на стариот регионален пат Куманово-Скопје.

– Ги информиравме за опасностите од ширење, зборувавме за опасноста од економијата. Уништувањето е мерка за натамошно ширење на болеста. Ги разбираме нивните стравувања, но и даваме гаранции дека во случај на убивање ќе бидат обештетени по пазарна вредност, согласно правилата. Државата гарантира. Ова не е единствено место каде е регистрирана болеста, позитивни случај сега имаме во кумановско Речица, во Виница, Кочани, Штип, Чешиново, Облешево. Мора да се преземаат соодветни мерки, изјави, раководителот на секторот за инспекција од Агенција за храна и ветеринарство, Ванчо Новоселски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  42 возачи казнети изминатиот викенд во Куманово

Цената е различна, појаснуваат од АХВ и се движи за маторици од 24 до 35.000 денари, за товеник 120 денари за килограм.

– Важно е и жителите да се информираат за вистинските начини за обештетување, навремено и прегледно, изјави директорот на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Зоран Пешевски.

Болеста африканска чума е присутни и во дел од европските држави и според информациите на АХВ се преземаат исти мерки за заразените свињи како и на потег од три километри од жариштето на болеста.

Loading...

МИА