Дваесет и деветгодишниот Д.С. од Куманово заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенокривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено истиот во периодот од од 01.01. до 15.01.2016 година, во својата куќа во селото Режановце живеел во вонбрачна заедница со петнаесетгодишно девојче од селото Пчиња, иако знаел дека истата е малолетна.
Кривична пријава на Д.С. му е поднесена од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово.