ЖЕНА ОД ПЕКОЛОТ: Го убила сопругот, па за тоа подоцна напишала детска книга

Сподели со своите пријатели

Жена од Јута обвинета дека го отрула својот сопруг, а потоа напишала книга за децата кои останале без саканата личност, се соочува со нови докази против неа.

Loading...

Кури Ричинс (34), млада писателка од Јута, наводно го осигурала животот на својот сопруг Ерик Ричинс на два милиони долари во периодот од 2015 до 2017 година, без негово знаење.

Оваа нова информација го поттикна судот да го одложи следното рочиште, пренесоа американските медиуми.

Обвинителите тврдат дека оваа мајка на три деца ставила смртоносна доза фентанил во коктелот на нејзиниот сопруг.

Тоа е вештачки синтетизирана дрога педесет пати посилна од хероинот. Таа купила дрога од познаник за 900 долари.

Медиумите јавуваат дека Кори Ричинс била обвинета за убиство откако ја објавила книгата „Дали си со мене?“ („Are You with Me?“) за татко кој починал и кој после тоа ги гледа своите деца од небото, како ангел.

Таа ја промовираше оваа книга на телевизиски и радио станици.

Обвинителите, исто така, тврдеа дека за време на бракот, Кори Ричинс подигнала заем од 250.000 долари, украла 134.000 долари од деловната сметка на нејзиниот сопруг, подигнала 100.000 долари од неговите сметки и потрошила повеќе од 30.000 долари од неговите кредитни картички.

Loading...

 

 

Медиумите пренесуваат дека несреќниот сопруг за сето ова дознал дури во 2020 година, по што ангажирал адвокат за развод.

Кури наводно се согласила да му ги врати парите. Ја сменила и полисата за осигурување и ја отфрлил сопругата од тестаментот.

По смртта на нејзиниот сопруг, Кури се обидела да се претстави како корисник на имотот, но сестрите на Ерик се спротивставиле на планот.

Судскиот спор за наследството од 3,6 милиони долари траеше шест месеци.

Како што претходно откри Дејли Меил, до тој момент, Кури верувала дека ќе наследи имот од најмалку 3,6 милиони долари по смртта на нејзиниот сопруг според условите на предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во јуни 2013 година.

Loading...

Сестрите на суд кажале како нивниот покоен брат им открил дека неговата сопруга веќе се обидела да го отруе и дека ако нешто му се случи, знаеле дека таа стои зад се.

Семејството исто така рече дека Ерик верувал дека неговата сопруга го изневерува.

Ноќта помеѓу 3 и 4 март 2022 година, полицијата го пронашла телото на Ерик до неговиот кревет.

Кури им кажала на полицајците дека таа и нејзиниот сопруг го славеле планот да купат куќа од 2 милиони долари таа вечер.

Го нашла во собата „ладен на допир“ кога дошла од детската соба во која спиела.

Таа моментално е во притвор и се соочува со обвинение за убиство од прв степен.