Железничкиот сообраќај во Франција се уште во прекин

Сподели со своите пријатели

Железничкиот сообраќај во Франција се уште е во прекин по вчерашниот добро подготвен и масовен напад на железничката мрежа, за кој се уште никој не ја презел одговорноста, а истрагата продолжува, јавуваат денеска француските медиуми.

Loading...

Француската брза железничка мрежа вчера беше погодена од координирани „злонамерни дејствија“, вклучително и подметнување пожар, што предизвика прекин на многу од најпрометните железнички линии во земјата.

Ситуацијата се подобрува, но сообраќајот се уште е во прекин на две од трите линии кои одат кон Бретања и југозапад, додека на линиите на север 80 отсто од сообраќајот е во прекин, а насекаде се бележат доцнења од еден до два часа, јавуваат Франција 24.

На брзата пруга на истокот од земјава, железничкиот сообраќај се одвива нормално, покажуваат податоците на државната железница СНЦФ.

Според извештаите, утре се очекуваат прекини на северниот крак на железницата, додека подобрување се очекува на кракот на Атлантикот.

Состојбата се очекува да се подобри и денеска, благодарение на мобилизацијата на неколку илјади железничари, соопштија од компанијата бНа повеќе локации на железничката мрежа, ноќта меѓу четврток и петок, оптички кабли во близина на шините, кои обезбедуваат пренос на безбедносни информации за машиновозачите, беа исечени и изгорени.

Францускиот премиер Габриел Атал вчера изјави дека саботажата што ги погоди клучните делови на француската железничка мрежа пред Олимписките игри има „јасна цел – да ја блокира мрежата на брзи возови“.

Тој рече дека „вандалите“ стратешки ги нападнале главните рути од север, исток и запад кон Париз, неколку часа пред свеченото отворање на Олимпијадата.

Loading...

Париското обвинителство отвори истрага и целиот случај го окарактеризира како „намерна штета“ предизвикана на железничката инфраструктура и „фундаментални национални интереси“.

Примероците од повеќе локации се испратени на итна анализа до Националниот истражувачки институт на Жандармеријата.

Извор близок до истрагата изјавил дека се работи за добро подготвена операција организирана од „истата структура“.

Нападот, кој се случи во пресрет на синоќешното отворање на Олимпијадата во Париз, предизвика хаос на железничките станици.

„Најпогодени се 800.000 луѓе кои требаше да стигнат до своите дестинации за одмор овој викенд“, рече претставникот на Министерството за транспорт, Патрис Вергрие.