Земјотрес од 5,6 степени го погоди Иран

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Иран, соопшти иранската сеизмолошка служба.

Loading...

Земјотресот е регистриран утрово во 7:32 часот по локално време во провинцијата Кузестан на длабочина од 10 километри, се наведува во извештајот, пренесува ИРНА.

Ова е втор земјотрес во последната недела што се случи во таа покраина, а засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Како што јави ИРНА, земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Ахваз во петокот наутро минатата недела.