Земјиниот термостат расипан – октомври ги собори температурните рекорди

Сподели со своите пријатели

За само две недели дипломатите од целито свет ќе се состанат во близина на Париз во намера да превземат чекори за справување со глобалното затоплување и превенција на катастрофални последици. Меѓутоа, климата се движи побргу од дипломатијата што може да се види и од извештајот за октомври оваа година кој е најтоплиот откако се бележи температурата од крајот на 19-от век.

Loading...

Новите податоци доаѓаат од Јапонската метеоролошка служба, која е една од неколкуте агенции кои го следат планетарниот термостат. Од останатите наскоро се очекуваат слични податоци.

Она што е посебно загрижувачки од октомвриските резултати е разликата во просечната температура оваа година споредбено со сите месеци октомври од кога се вршат мерењата.

Бројката воошто не за потфрлување. Дури 0,19 степени целзиусови е разликата измеѓу просечните температури на октомври оваа година и просечните температури во изминатите години истиот месец.

Temperatura-2

Тоа е воедно и најголемо одстапување од просекот за еден месец оваа година.

Податоците на Јапонците покажуваат дека овогодишниот октомври е за 0,53 степени потопол од просечниот од 1981 и 2010 година.

Temperatura-3

Loading...

Сите досега присоберени податоци укажуваат на тоа дека оваа година ќе стане најтоплата во историјата. Американската национална океанска и атмосферска администрација пресметала дека шансите да се случи тоа се 97%, додека НАСА проценува дека шансите за такво сценарио се 93%.