Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и актуелен кандидат за функцијата шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, да го посети Киев.
Според Зеленски, за време на телефонскиот разговор, тој го поканил Трамп да ја посети, истакнувајќи дека „ако господинот Трамп сака да знае нешто за Украина, може да дојде да види со свои очи или да ме праша мене“.
„Разговаравме со неговиот тим, господинот Трамп ми рече дека е достапен за сите прашања и дека го имам неговиот телефонски број“, рече украинскиот претседател.
„Мировен план до крајот на ноември“
Во интервју за јапонскиот телевизиски канал NHK WORLD, Зеленски исто така рече дека Украина ќе подготви акционен план за постигнување мир до крајот на ноември.
Според него, Киев ќе започне „детални разговори со релевантните земји за прашањата на територијалниот интегритет“.
Покрај тоа, Зеленски истакна дека не може да одговори на повиците за прекин на огнот додека Русија продолжува да ја окупира украинската територија.
„Потребни се трпение, поддршка и дипломатски притисок за да се стави крај на војната – тоа се трите фактори за праведен крај на војната“, нагласи украинскиот претседател.