Здружението ЦСИ ЛИНК подели пакетчиња за 352 деца од кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик ЦСИ ЛИНК и оваа година реализираше новогодишна хуманитарна акција под мотото „Подари пакетче, подари радост”.

Loading...

 

 

Целта на акцијата беше да се израдуваат децата од социјален ризик во руралните средини.

Акцијата беше реализирана во селата Бајловце, Клечовце, Градиште, Габреш, Кучкарево, Љубодраг, Умин Дол, Режановце, Студена Бара, Пчиња, како и училиштата ООУ ,,Вук Караџиќ”, ООУ ,,Толи Зордумис”.

 

Loading...

 

Како што информираат од здружението собрани и донирани биле почетни 312 и дополнителни 40 пакетчиња, па вкупно 352 дечиња на територија на Општина Куманово добиле новогодишен подарок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Претседателката на Здружението ЦСИ ЛИНК, Моника Чекаловиќ вели дека акцијата се организира по втор пати со помош од хумани граѓани успеале да соберат толку пакетчиња.

– За жал, на почетокот на самата иницијатива наидовме на многу мал одзив за донирање, но со поттик и благодарение на хумани граѓани сепак успеавме да собереме и не така мала бројка. Особена благодарност до Магдалена Станојковска вработена во Општината и наставничката Емилија Веселиновска која успеа да направи списоци на дечиња во соработка со локалните училишта, а двете заедно учествуваа во прибирањето и делењето на пакетчињата. Нивниот ентузијазам и ангажираност беа за секоја пофалба, вели Чекаловиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Вели дека и годинава наишле на истата слика, стари училишта во руралните средини и без елементарни услови.

Loading...

– За жал и оваа година нѐ дочека истата слика на стари училишта, без елементарни услови и со мал број комбинирани паралелки, што допринесува за масовно напуштање на овие села, токму поради условите во кои живеат и учат овие деца. Среќата на овие деца не ја прават само новогодишните пакетчиња, туку многу други суштествени работи, а тоа зависи пред сѐ од надлежните, вели Чекаловиќ.

 

 

Како што вели, нејзина новогодишна желба е  во следната година да бидат сменети работите на подобро и сите да се радуваат во многу подобри услови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце