Заврши проектот за реконструкција на канализационата мрежа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Заврши проектот за реконструкција и изградба на фекалната канализација на подрачјето на Општина Куманово кој се реализираше во изминатите 14 месеци, а кој беше финансиран од страна на Европската унија.

 

Loading...

 

Во присуство на евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, денеска се одржа и завршниот настан на кој беше презентирано сработеното.

 

 

Ова нема да биде единствениот проект со кој ЕУ ќе му помага на Куманово. Унијата го зголеми фондот за животната средина и тој сега изнесува 113 милиони евра, рече Жбогар притоа потенцирајќи дека набргу ќе започне имплементација на огромен проект кој ќе биде од витално значење за целиот Североисточен регион.

– Кој ќе биде следниот проект кој ќе се реализира во Куманово не можам да кажам, тоа мислам дека во разговори со градоначалникот ќе видиме што претставува приоритет за Оптштина Куманово, меѓутоа мислам дека друг проект кој што следува, кој што ќе го покрие целиот Североисточен регион, а тоа е поврзано со менаџирање на самиот смет во оваа општина и тоа ќе биде една регионална депонија. Мислам дека тоа ќе биде еден огромен проект кој што би се реализирал, а кој што има големо значење за вашите граѓани и вашата животна средина, изјави Жбогар, изјави Жбогар.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Зелените од Европскиот фронт со скандирањето на УЧК во Скопје излегоа од јагнешките кожи и се прикажаа во вистинското светло

Loading...

 

Во своето обраќање градоначалникот Максим Димитриевски им се заблагодари на стратешките партнери од ЕУ кои како што вели дадоа несебичен допринос за имплементација на проектот.

– Имавме сериозни предизвици кога се реализираат вакви проекти, особено во делот на техничките недостатоци и решенијата и на крајот сакам да се заблагодарам на сите граѓани на нашата општина кои што имаа разбирање за реализација на овој проект и општите интереси ги ставија пред личните притоа не штедејќи се самите себе си да ни дозволат во одредени делови да узурпираме и туѓ имот и туѓо земјиште да поминеме на одредени места за да можеме сето ова да го реализираме во целост. Верувам дека со затворање на овој проект денеска ќе отпочне со реализација на нови проекти во иднина со нашите стратешки партнери, Европската унија кај што ќе го подигнеме нивото на живот во нашата општина, изјави Димитриевски.

Инвестицијата е тешка четири милиони евра, средства кои ЕУ ги уплати до Општина Куманово, а краен корисник на истите беше јавното претпријатие „Водовод“ кој го импелемтнираше проектот во изминатите година и два месеци.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски вечерва во Струмица вети: Ќе ја одбраниме Македонија со зборови, а ако треба и со дела

 

Како што посочи министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку проектот за реконструкција на инфраструктурате е од исклучителна општествена важност за кумановци.

– Ќе се подобри зафаќањето на фекалните води, со изградба на приближно 26 километри канализациона мрежа, ќе се намали опасноста од излевање на отпадните води, а ќе се подобрат еколошките и здравствените стандарди на општината. Со реализација на овој проект се подобрува работењето на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ и се зголемува ефикасноста на прочестителната станица во Општина Куманово, рече Дураку во своето обраќање.

Според Дураку соработката помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и останатите чинители во проектот била на извонредно високо ниво, со што е даден придонес за ефикасно и навремено завршување на проектот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Граѓаните да излезат и да стават крај на сето ова што се случува 30 години од едни исти луѓе, на ист начин

Loading...

 

На настанот беше презентиран и видео запис преку кој беа презентирани дел од 54те локации на кои е имплементиран проектот.

Leave a Reply