Општинска организација Црвен крст од Куманово во рамките на проектот „Обука за персонални асистенти на лица со попреченост” кој е во завршниот модул, организираше посета и практична настава во Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша”.
Идните персонални асистенти својата професионалност и посветеност имаа можност да ја покажат на дело преку одличната комуникација и интеракција со лицата од Дневниот центар „Порака наша”.
– Целиот ден помина во одлична атмосфера преку дружење и креативни работилници благодарение на професионалците од дневниот центар како и мотивот и ентузијазмот кај идните персонални асистенти за работа со лица со попреченост, велат од Црвениот крст.