Во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ вчеравечер заврши 26то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Пред преполна сала беа доделени наградите за најдобрите претстава, режисер, актери, костимографија и сценографија.
Наградата за најдобра претстава беше врачена на Театар Лесковац од Србија за претставата „Чекајќи го лекарот“.
Најмноу награди собра претставата „Кафез кај Кокони“ на Драмски театар Скопје и тоа за најдобар актер Александар Степанулески, за најдобра споредна улога Бранко Атанасов, додека Раде Василев и Елена Вангеловска за истата претстава ја добија наградата за најдобра костимографија.
Две награди доби претставата „Седумте стола“ на Театар Ловеч од Бугарија и тоа Дамјан Тенев за најдобра режија и Радостина Тодорова за најдобра сценографија.
Наталија Теодосиева од Театар Комедија ја доби наградата „Илуминати“ за најдобра актерка.
По врачување на наградите беше одиграна и претставата „Обвинителка“.
Никола Ивановски