Затворот во Куманово нема услови за ресоциализација

Сподели со своите пријатели

Од 38 полициски станици во Македонија за 28 народниот правобранител препочарува да се затворат за задржување на лица лишени од слобода или да се користат за караткотраен престој, бидејќи нема соодветни услови.

Loading...

Ова денеска на прес-конференција го порача народниот правобранител Иџет Мемети на која го презентираше Извештајот на Националниот превентивен механизам за 2014 година, при што се извршени 29 посети од кои 14 редовни, 12 контролни и три вонредни.

– Од посетите на полициските станици утврдивме дека и понатаму во најголем дел не се исполнети стандардите на местата на задржување. Иако бевме информирани дека согласно нашите препораки ќе бидат реновирани врз основа на Акциониот план 2012-2015, констатирам дека заложбите остануваат декларативни, истакна Мемети.

Народниот правобранител информира дека за проблемот со полициските станици разговарал со министерот за внатрешни работи кој изразил подготвеност да ја измени поставеноста на станиците за задржувањето на лицата да се спроведува во оние станици кои исполнуваат европски стандарди.

При посетата на полициските станици било забележано дека биле приведувани и деца од 10-11 годишна возраст што е спротивно на Законот за правда за деца. Приведуваните деца биле од улица или од Јавните установи во кои се водат како исчезнати.

Народниот правобранител забележал влошување и на условите во петте казнено-поправни установи и Воспитно поправниот дом во Тетово.

Меџити потенцира дека при посетата на  затворот во Куманово утврдиле дека нема услови за ресоцијализација.

При посетата на Воспитно-поправниот дом Велес Мемети рече дека изразил загриженост за лошите услови и третманот на децата во домот.

Loading...