Запознајте ги уметниците зад муралот на Гоце Делчев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетметарски мурал на Гоце Делчев ќе го краси објектот на кумановската Гимназија која го носи името на овој револуционер.

Loading...

Зад идејата стојат младите уметници од здружението „Форма Куманово“: Младен Трендевски, Дарко Трајковски, Дејвид Стоилковски и Горан Стојанов.

– Идејава е наша „Форма Куманово“, пред една година се роди, дојдовме ја споделивме со директорката на средното училиште, да оставиме белег, се обидуваме неколку години да добиеме нешто големо во Куманово, вели уметникот Младен Тредневски.

 

 

За реализација на својата идеја побарале и добиле поддршка од Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

Вели дека граѓаните, за разлика од пред неколку години, сега се повеќе отворени кон ваков тип уметност и има помалку негативни реакции.

Loading...

– Најголем проблем е дозволата за цртање, простор за творење имаме колку што сакаме, идеи имаме, проблем е да дојдеме до таа дозвола и да го склопиме тоа и со институциите и народот, тоа ни е најголем проблем. Идеи и простор има доволно во Куманово, но мислам дека за до 5 години Куманово сигурно ќе биде најисцртан град во Македонија, можеби и пошироко, смета тој.

 

 

Муралот на Гоце Делчев вели дека им е најдраг досега и го отсликува целиот труд од минатите години..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

– Овој сега е најдраг и тематски и изработен наш што не отсликува што толку години работиме, со стилот кој го твориме изминатите години, и мислам дека овде добивме целосна слобода и тоа што сакавме да го направиме како здружение, вели Трендевски.

 

Loading...

 

Здружението „Форма Куманово“ и годинава по петти пат ќе го организира „Графити фест“ во кумановската населба Гоце Делчев, каде ќе учествуваат артисти од седум држави.

Во меѓувреме кумановските уметници имаат работено мурали во Струмица, Штип, Кавадарци и Скопје.

Никола Ивановски