Започнува продажбата на билети за туристички летови во вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бизнисменот Џеф Безос и неговата компанија „Blue Origin“ од следната година со своите ракети ќе испраќаат туристи во вселената.

Оние кои тоа можат да си го дозволат, во вселенската авантура ќе се заминат со ракетите со човечки екипаж „New Shepard“.

Билетите за тој лет ќе може да се набават веќе следната година, најави потпретседателот на компанијата, Роб Мајерсон.

Ракетите можат да достигнат височина и до 100 километри и да слетат вертикално на земјата. Пробните летови со патниците би требало да бидат зиведени наскоро, со лансирање на рампа во Западен Тексас.

Се отвора хотел во вселената, цената вистинска „ситница“

Loading...

Цената на билетот за таков лет се уште не е позната, то се знае дека летот ќе трае околу 10 минути.

Во патничката капсула со големина од 15-ина метри кубни ќе може да станат шестмина вселенски туристи. Тие за време на летот ќе се најдат во безтежинска состојба. Капсулата на земјата ќе се спушта со помош на падобран.

Слична вселенска атракција на заинтересираните им понуди и Ричард Бренсон уште пред 10 години преку својата компанија „Virgin Galactic“. Тогаш тој произведе 700 билети по цена од 250.000 долари, но до ден денес туристите на тој лет не полетаа. Тоа наводно, требало да се случи во следните месеци.

Leave a Reply