Во тек е акција за заловување на кучиња скитници на подрачјето на Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор и најавија дека стручни екипи ќе продолжат со акцијата и во текот на утрешниот ден.
Во изминативе денови беа заловени кучиња кај Соколана, а денеска и утре ќе се заловуваат кучиња во близина на основните и средните училишта, изјави Гордан Таневски, комунален редар од секторот за инспекциски надзор.
Стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акциите, претходно на 28 и 29 јануари заловија 32 кучиња скитници.
Заловувањето се спроведува согласно Законот заштита и благосостојба на животните. Прифатилиштето ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани и се враќаат на истата локација од каде што се заловени, вели Таневски.