Заплена на непријавени девизи на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Три илјади евра се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој со швајцарски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, јавува Царинска Управа.

Loading...

Кај патникот се пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал доказ за потекло. Согласно законските прописи атени 2.000 евра му се вратени, износ што резидент може слободно да го внесе од државата.

Cigari,Tabanovce

Царинска Управа на РМ соопшти дека се пронајдени и 14 штеки и 4 кутии цигари RODEO, CHESTERFIELD и WEST Silver со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарско комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари се пронајдени во патна торба сопственост на возачот на комбето.