Загреб се откажа од огнометот за Нова година

Сподели со своите пријатели

Градот Загреб се откажа од огнометот за новогодишната ноќ, а наместо тоа граѓаните и туристите ќе слават со конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ.

Loading...

Здружението „Пријатели на животните“ го повика градот Загреб да престане со огнометите, наведувајќи дека тие имаат негативни последици врз животната средина, влијаат на респираторните и кардиоваскуларните проблеми кај луѓето и предизвикуваат паничен страв кај бројни животни.

– Иако одлучивме да го искористиме новогодишниот огномет минатата недела, бидејќи тој веќе беше договорен, сепак оваа недела успеавме да најдеме друго решение, благодарение на разбирањето што го покажа договорената компанија и им благодариме за тоа – беше наведено на Фејсбук страницата на градот Загреб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Оваа година голем број хрватски градови се откажаа од огномет на новогодишните прослави – Риека, Осиек, Вараждин, Пула, Ровињ, Лабин, Чазма, Црес, Мали Лошињ, Опатија, Пореч, Самобор, Забок и други.