Заедничка регионална акција на Граничниот премин Табановце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Заедничка акција спровела македонската полиција заедно со службите од целиот регион во рамките на регионалната соработка за борба против сериозен криминал и гранична безбедност.

Loading...

– Во периодот од 27 март до 4 април, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија заедно со претставници на полициите на Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019 спроведоа заедничка акција „Артефакт“ на граничниот премин Табановце, патните делници кон Република Србија, како и по должината на целата граница со Република Србија, информираше Тони Ангелвоски, портпарол на македонското МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Како што појасни тој, при влез во државата на ГП Табановце, кај македонски државјанин пронајдени се 1120 парчиња монети со археолошка вредност, кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти…

– При изведувањето на активностите беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји, вели Ангеловски.