За шест дена, над 4.000 посетители на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Над 4.000 посетители проследиле барем една од првите шест претстави на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вели дека се задоволни од интересот на публиката.

– Досега според наши проценки над 4.000 луѓе го посетиле фестивалот. Сигурни сме дека и до крајот фестивалот ќе помине исто добро, изјави Тодоровски.

 

 

Вчеравечер со претставата „СумЉиво лице“ на Приштинско народно позориште од Србија, заврши осмиот ден од фестивалот.

Пред преполна сала според текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Милан Нешковиќ, играа Игор Дамњановиќ, Александра Цуциќ, Тамара Томановиќ, Милан Васиќ, Аника Грујиќ, Бранко Бабовиќ, Никола Ѓорѓевиж, Александар Михаиловиќ, Зоран Мијатовиќ, Ивица Јевтиќ, Бранко Јанаќиевиќ и Урош Антонијевиќ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мртва трка во Старо Нагоричане

 

 

Актерот Милан Васиќ е презадоволен како публиката реагира на претставата.

– Зад сцената баш коментиравме како оваа публика е благодарна и колку е добро да се игра за нив, знае како да се насмее и како да реагира. Не знаев дека вака ќе реагираат, но совршено беше, можеби најдобрата реакција досега. Свежа ни е претставата, нова, малку е поинаква, не е постојано комедија, но целата екипа обожава да гостува во Македонија, во Куманово особено, а за мене знаат сите дека Македонија многу ја сакам и обожавам, вели Васиќ.

 

 

Loading...

Актерот Бранко Бабовиќ вели дека е задоволство да се игра комедија пред преполна сала, а дека Куманово има предобра публика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Куманово до 18:30 часот?

– Секоја чест за организаторите и прекрасната публика. Прекрасно е чувството кога ќе ја завршите претставата и ќе влезете во гардероба, малку ќе искоментирате, но публиката е најважна. Мислам дека излегоа задоволни и тоа е наша цел, тоа е мисијата на комедијата, вели Бабовиќ.

 

 

Вечерва е деветиот ден од фестивалот на чиј репертоар ќе се најде претставата „Малиџано“ на Народен театар Битола, за која сѐ уште може да се набават билети.

Текст/фото: Никола Ивановски