За петок најавени протести во Куманово

Сподели со своите пријатели

На социјалната мрежа Фејсбук, на фан страната на ”Стоп за полициска бруталност”, вечерва се појави соопштение – со закажан настан за протести во Куманово. Протести се закажани за 7 мај во Струмица и 8 мај во Кавадарци. Протестот во Струмица ќе се одржи на градскиот плоштад, додека во Кавадарци пред полициската станица.

Loading...

По вчерашните настани, обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје и денешниот во Битола и Прилеп – И КУМАНОВО се приклучува на протестите против полициската бруталност!

Куманово гордо стои до Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Кавадарци исправено, сите солидарно за подобро утре, стои во објавата на ”Стоп за полициска бруталност”.

Протестот во Куманово е закажан за петок со почеток во 20 часот.

Leave a Reply