Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово соопшти дека му се заблагодарил на германскиот канцелар Олаф Шолц за посетата на Белград
Loading...
На средбата отворено разговарале за сите важни прашања и оцени дека Шолц внел нова енергија во заедничката европска иднина на Западен Балкан.
„Му се заблагодарив на германскиот канецалр за посетата и што може отворено да разговараме за сите важни прашања за кои не секогаш имаме ист став, но канцеларот Шолц сепак внесе нова енергија во нашата заедничка европска иднина и тоа е извонредна порака за сите ние во Западен Балкан“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ објави и снимка од посетата на канцеларот Шолц на Белград.
View this post on Instagram