Втор пат како дечињата од детските градинки на ЈОУ ”Ангел Шајче” донираат за своите врсници од социјално загрозени семејства.
Акцијата под наслов ” Од дете за дете”, спроведена преку Центарот за социјални работи од Куманово, а поддржана од Министерството за труд и социјала, на децата од сиромашни семејства ќе им донесе облека, играчки, книги и постелнина, помош дарувана од деца кои престојуваат во кумановските градинки.
[huge_it_gallery id=”13″]
Голема благодарност за родителите и дечињата кои даруваа во нашата акција насловена како ”Дарувај од срце”, вели Ивана Николиќ, заменик координатор на проектот.
– Во денешната акција учествуваа 175 донатори, т.е родители на деца згрижени во ЈОУ ”Ангел Шајче”. Соберени се 1514 парчиња детска облека, 110 пара обувки, 98 играчки, 10 постелнини и други работи, вели Николиќ.
Целта на овие акции е подигање на хуманата свест кај децата и учење од најмали нозе на тоа колку е битно да се дарува и да се помага на другите. Јавната установа ”Ангел Шајче” секој месец спроведува разни активности за поттикнување на хуманоста кај децата.