Вонредна состојба во Киргистан: Наредено распоредување на армијата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек и нареди распоредување на армијата.

Loading...

Во наредбата не е прецизирано колку војници ќе бидат распоредени во главниот град, но дадени им се инструкции да користат воени возила и да постават контролни пунктови.

Со указот за вонредна состојба се предвидува полициски час кој ќе започне вечерва во 20:00 часот и ќе трае до 08:00 часот на 21 октомври.

Претходно Женбеков рече дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада, со цел да се стави крај на немирите што избувнаа откако приврзаниците на опозицијата ги окупираа владините згради во вторникот, по објавувањето на резултатите од парламентарните избори.

Женбеков ги повика сите политички сили во земјата да го зачуваат мирот и да престанат поделбите во општеството.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply