Во Скопје неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 22.11.2023 година (среда) ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Loading...

Согласно програмата, пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Воедно, изјави за медиуми пред почетокот на состанокот, ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Согласно програмата, по изјавите, ќе следи неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузните од регионот, по што лидерите ќе одржат заедничка прес- конференција во 11:40 часот.