Во Сицилија најголема фабрика за соларни панели во Европа

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на состанокот за обновливите извори на енергија, ги издвои Северното и Балтичкото Море каде членките одлучија да инвестираат во производство на енергија со помош на ветерници.

Loading...

Таа рече дека Сицилија е дом на најголемата фабрика за производство на соларни панели од новата генерација во Европа.

Урсула фон дер Лајен истакна дека ни се потребни обновливи извори на енергија.

„Треба да ја истакнеме улогата на Балтичкото и Северното Море, но и на Сицилија, каде што се наоѓа најголемата фабрика за производство на соларни панели во Европа, а во северна Германија, локалните возови веќе користат зелен водород во соларната енергија“,рече таа.

Италијанците се горди на фактот што се едни од пионерите на еколошката транзиција благодарение на проектот „Енел Грин Пауер“ во Катанија и инвестицијата во фабриката „Три Сан“ која е во првите редови на производството на иновативни фотоволтаици модели кои се целосно еколошки.

Оваа фабрика е создадена во 2010 година, а во април „Енел Грин Пауер“ и Европската комисија потпишаа договор за неповратен субвенционен заем кој ќе придонесе за развој на „Танго“.

Така „Три сан“ ќе стане најголемата европска фабрика за производство на двострани фотоволтаични модели со високи достигнувања, каде што 1.000 луѓе ќе добијат шанса да се вработат до 2024 година.

600 милиони евра се веќе подготвени за нови работни места, а Европската унија одвои уште 118 милиони евра благодарение на Националниот план за одржливост и Фондот за иновации.

Loading...

„Благодарение на панелите, секоја година емисијата на јаглерод диоксид ќе се намалува за 2,5 милиони тони, со заштеда од 1,2 милиони кубни метри гас“, изјави за италијанските медиуми Елијано Русо, извршен директор на „Гигафактори“, додавајќи дека првите 400 мегавати ќе бидат активни за околу 12 месеци, до септември 2023 година, додека останатите 2,6 гигавати се планирани за јули 2024 година.

Фабриката „Три сан“ се потпира на најсовремена технологија, базирана на хетероврзување, која ќе биде поефикасна и постабилна.

Панелите ќе имаат подолг животен век и ќе бидат поодржливи. Русо подвлекува и дека целта е Европа на овој начин да се осамостои од Кина.

„На среден рок, почнувајќи од 2025 година, синџирот на снабдување ќе биде целосно европски. Тоа значи почитување на трудот, границите на емисијата, правилата за одржливост, депонирање и трошење на материјалите“, рече Русо.