Во пожар изгоре кров на семејна куќа во село Четирце

Сподели со своите пријатели

Пожар проголта кров на семејна куќа лоцирана во селото Четирце, поточно во маалот Матичнаци, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Вчера во 10 часот четворица пожарникари со едно противпожарно возило изглегле на терен по добиената пријава, а успеале да го локализираат огнот во 11:15 часот.

Причините за настанување на пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температури и до 26 степени

Leave a Reply