Во Младинскиот културен центар, во петок со подсредство на Ресторан “Грација”, Културно уметничкото друштво “Панче Пешев” од Куманово организира новогодишна фолклорна вечер.
На новогодишната вечер, освен настапот на кумановскиот фолклорен ансамбл, свој настап ќе имаат и ансамблот од Битола, како и фолклорното студио “Етнос” од Скопје, додека вокално инструментални настапи ќе имаат пејачите Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски и Милена Стројмановска.
Влезот за новогодишната вечер е слободен со отворена покана за сите љубители на фолклорната музика и танци.
Почетокот е најавен за 19:00 часот.