Во октомври почнува обновувањето на канализационата мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Жителите на ул. Егејска Македонија, неодамна преку писмо, се обратија до редакцијата на Кумановски Муабети со прашање кога се планира да се направи нешто со канализационата мрежа на споменатата улица, од причина што граѓаните се соочуваат со проблеми, т.е затнување кое предизвикува излевање и непријатна миризба која се враќа во домовите.

Loading...

Како што наведуваат жителите на Егејска Македонија, поради затнување, отпадните води се излеваат во дворовите, по подрумите, во куќите, но и новите згради кои се направени на ул. Егејска Македонија.

Во потрага по одговор, се обративме до ЈП Водовод, од каде бевме информирани дека фекалниот канал на ул. Егејска Македонија е зацртан во проектот за обновување на канализационата мрежа во Куманово, со средства обезбедени преку ИПА фондови, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Проектот за обновување на канализационата мрежа е изработен од страна на ЈП Водовод, со очекување, Министерството за животна средина во јуни оваа година да распише тендер, со отпочнување на работите во октомври 2015.

Leave a Reply