Во Јужна Кореја издадено предупредување за обилни врнежи

Сподели со своите пријатели

Предупредување за обилни врнежи беше издадено во делови од северната провинција Ѓеонгги во Јужна Кореја, бидејќи во пограничниот град Паи за еден час паднаа 100 милиметри дожд.

Loading...

Корејската метеоролошка управа (KMA) објави дека 10 градови и окрузи во споменатата провинција издале предупредување за обилни врнежи, при што се предвидува дека некои региони ќе добијат и до 200 милиметри дожд до четврток, известува Yonhap, исто така, испрати предупредувања за обилни врнежи дожд низ Сеул во 20 наврати помеѓу 4:24 и 9:40 часот, прво такво предупредување издадено во пошироката област Сеул оваа година.

Предупредувањата за обилни врнежи се издаваат кога врнежите надминуваат 50 mm на час и 90 mm во период од три часа, и во случаи кога врнежите на час надминуваат 72 mm.

Во провинцијата Јеоланам пријавени се 161 случај на поплави во домови, како и вкупно 10 случаи на лизгање на земјиштето и уништување на патишта.

Засега нема пријавени жртви, соопштија официјални лица, пренесува Танјуг.