Во Јужна Африка 21 процент се позитивни на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Јужна Африка го надмина прагот од 10.000 позитивни случаи за 24 часа, достигнувајќи стапка од 21 процент позитивни за новиот коронавирус, изјави министерот за здравство Звели Мхизе.

Loading...

Во понеделникот веќе имаше повеќе од 8.000 нови случаи на ден, што го натера претседателот Сирил Рамафозу да објави нови мерки, вклучително 23-часовен полициски час и затворање на бројни плажи во југоисточниот дел на земјата за време на празниците.

За време на бранот на пандемијата во јули, дневниот број на новоинфицирани беше 12.000.

– Го надминавме прагот од 10.000 случаи, дневниот број на случаи експоненцијално се зголемува, рече Звели Мхизе, додавајќи дека „стапката на позитивни случаи е 21 процент, далеку над идеалната стапка од 10 проценти“

Регионите најпогодени се на југот од земјата, каде скоро третина од 10.008 се новоинфицирани, рече министерот.

Златко Шумковски

Leave a Reply