Регионалниот аеродром Мијазаки во југозападна Јапонија денеска беше затворен откако американска бомба, за која се верува дека паднала за време на Втората светска војна, експлодирала во близина на пистата на аеродромот.
Поради овој инцидент откажани се 87 летови, пренесува Ројтерс.
Експлозијата на бомба создаде кратер широк седум метри и длабок еден метар во средината на делот од патот резервиран за пристигнување на авиони во близина на пистата, изјави претставник на јапонското Министерство за транспорт, пренесе Ројтерс.
Тимот за отстранување експлозивни направи на Јапонските копнени сили за самоодбрана подоцна утврди дека експлозијата била предизвикана од американска бомба закопана под земја, најверојатно датира од воздушен напад за време на Втората светска војна, изјави јапонски официјален претставник.
Bombs Explosion in Japan🇯🇵🇯🇵 Airports
🤯🤯#Japan pic.twitter.com/i9hsrYT12d— ABHAY PANDIT 🇮🇳 (@PANDITABHA16847) October 2, 2024