Во Холандија зголемен бројот на инциденти во кои учествуваат лажни полицајци

Сподели со своите пријатели

Во Холандија е зголемен бројот на инциденти во кои измамниците се претставуваат како полицајци, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека минатата година имало околу 400 такви случаи, додека годинава биле евидентирани повеќе од 2.400.

Loading...

„Бројот на инциденти со лажни полицајци е значително зголемен. Измамниците се претставуваат како полицајци. Во 2023 година имало околу 400 случаи, но годинава нивниот број веќе достигна повеќе од 2.400“, се вели во полицискиот извештај, пренесува Танјуг.

Според полицијата, жртви на овие измами се претежно постари лица.

„Добиваат повик за кражби во нивната област. Исто така, повикувачот нуди брзо да испрати офицер на местото на настанот, кој потоа ги зема вредните предмети, наводно на чување. Има луѓе кои ги изгубиле сите свои заштеди, наследства или уметнички дела на овој начин, бидејќи нивните работи им биле дадени на лажни полицајци“, рече портпаролот на полицијата, според холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС.

Тој изјави дека има повеќе такви случаи, но не сите пријавуваат дека биле жртви на измама.

Полицијата ги повика сите да пријават вакви случаи и предупреди на неколку криминални групи кои дејствуваат низ Холандија.