Во Газа се шири анархија, се зголемува бројот на грабежи и убиства

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОХХР) денеска соопшти дека во Појасот Газа се шири „анархија“, како и дека се зголемува бројот на грабежи, убиства и престрелки додека населението се соочува со акутна хуманитарна криза.

Loading...

Директорот на ОХХР за Газа и Западниот Брег, Аџит Сунгај, рече дека незаконските убиства и грабежи во отсуство на органите за спроведување на законот се поврзани со „уништувањето на Израел на локалните капацитети за одржување на јавниот ред и безбедност во Газа“, пренесува Ројтерс.

„Нашата канцеларија ги документира наводните незаконски убиства на локалната полиција и хуманитарните работници, како и намалувањето на залихите неопходни за опстанок на цивилното население. Анархијата се шири“, рече Сунгај, кој во четвртокот се врати во Женева од Газа.

Портпаролот на ОХХР Џереми Лоренс истакна дека ситуацијата во палестинската енклава доведе до колапс на општествениот систем и дека луѓето се принудени да се борат меѓу себе за опстанок.

„Има грабежи, изнуда на пари, семејни расправии, случајни пукања, борба за простор и ресурси, а на барикадите гледаме млади луѓе вооружени со палки“, рече тој.