Во Босна и Херцеговина пред утрешните општи избори почна предизборен молк, кој ќе трае до затворање на избирачките места, утре во 19 часот.
Loading...
Се избираат членовите на Претседателството на БиХ, новите кантонални собранија, ентитетските парламенти, Парламентот на БиХ и членовите на Претседателството на БиХ.
На избирачкиот список за општите избори има 3.368.666 гласачи, од кои 63.264 ќе гласаат по пошта.
Во Република Српска ќе бидат избрани претседателот и потпретседателите на Српска, 83 пратеници на Народното собрание и 14 пратеници на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, соопшти РТРС.