Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсети медиумите дека годинава, процентот за емитување изворно создадена прорама во Република Македонија на македонски јазик или на јазик на немнозинските заеници се зголемува на 50%.
Според членот 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната програма во текот на едно деноноќие, со исклучок на времето што отпаѓа на содржините кои не подлежат на класификација.
Агенцијата потенцира дека Законот нема промени на квотата за емитување инструментална, вокална или вокално-инструментална музика на македонски јазик или јазиците на етничките заедници во Република Македонија, односно телевизиите ќе имаат обврска најмалку осум часа да емитуваат, освен Јавниот радиодифузен сервис за кој важи минимум 14 часа во текот на една недела.
Што се однесува до радијата, обврската се преместува од вкупната музика емитувана во текот на 24 часа за трговско радиодифузно друштво треба да изнесува 40%, додека за МРТ 50%.