Викенд прогноза за Куманово: Какво време носат првите ноемвриски денови?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде со променлива облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен северен и североисточен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални еден степен, до максимални 14 степени целзиусови.

 

 

Слична временска прогноза ќе имаме и во текот на претстојната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...