Вершинин: Исклучувањето на Русија од ОН е невозможно и опасно

Сподели со своите пријатели

Идејата на некои земји да ја исфрлат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации е невозможна, изјави денеска на прес-конференција заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин, пренесува Тас.

Loading...

Иницијативата да се одземе членството на Русија во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН е нереална, рече Вершинин, додавајќи дека таквите „лошо замислени“ идеи најмногу ги застапува Украина.

Ваквата идеја тој ја оцени како „непромислена и опасна“.

На почетокот на годината, постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергеј Кислица, побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, додека претседателот Володимир Зеленски, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, праша зошто Русија сè уште има правото на вето во Советот за безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Тој оцени дека Русија со агресијата врз Украина ја прекршила Повелбата на ОН, а нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат оваа иницијатива.