Велешанец украл производи и наточил бензин во Куманово па избегал

Сподели со своите пријатели

Триест и седумгодишен жител на Велес бил приведен под сомнение дека украл производи и наточил бензин на бензинска пумпа во Куманово, а не платил.

Loading...

– На 29.08.2024 година во 19.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К. (37) од Велес затоа што на бензинска пумпа на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одзел производи и наточил бензин без да плати, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, В.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Никола Ивановски