Вечерва премиера на македонскиот филм „Преекспонирано“

Сподели со своите пријатели

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова вечерва ќе ја има својата домашна премиера во киното „Фросина“.

Loading...

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

Во Европа „Преекспонирано“, изминатата недела се прикажа на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

По премиерата „Преекспонирано“ ќе се најде на редовниот репертоар на скопските кина Милениум и Синеплекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.